Од следната недела нов температурен шок

Според најавите на метеоролозите следната недела повторно не очекува нов температурен шок.

Како што најавуваат од УХМР, се очекува до недела да се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а оттаму велат дека особено топло ќе биде за време на викендот.

Во почетокот на наредната седмица ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Инаку во текот на денешниот ден не очекува сончево време, во текот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. УВ вредноста ќе иснесува 8.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.