Магазин

Од следниот месец Кока Кола ќе продава млеко

Од следниот месец Кока Кола ќе продава млеко

Од следниот месец Coca-Cola ќе ја прошири својата понуда на пијалоци со млеко, а компанијата се надева дека овој проект ќе им донесе голема заработувачка.

Нивниот нов производ ќе се најде на пазарите во неколку држави следниот месец, а ќе биде околу два пати поскап од млекото на останатите производители.

Причината за повисоката цена е тоа што нивното млеко ќе содржи повеќе протеин, помалку шеќер и ќе биде без лактоза.

Компанијата наведува дека според нивните проценки, популарноста на млекото постепено ќе расте, а се надеваат дека ќе ја достигнат зацртаната цел.

„Ќе биде потребен извесен период за овој производ да се изгради како бренд, и нема веднаш да носи големи профити, но сигурни сме дека тоа ќе се случи во некоја подоцнежна фаза“ – објаснуваат од Coca-Cola.

За почеток, ова млеко ќе биде достапно во САД, а потоа и во продавниците во другите држави.