Од сообраќајно недоразбирање до забивање на нож во Кичево

На 30.11.2014 година во 00,15 часот во ПС Кичево, доктор од Итна медицинска помош пријавил дека во Медицински центар Кичево бил донесен Ј.М.(24) од Кичево кој имал повреда во пределот на стомакот нанесена од тврд остар предмет најверојатно – нож и поради сомнение за можност од внатрешно крварење истиот е упатен во Ургентен центар Скопје. Од извршените проверки утврдено е дека околу 24,00 часот во Кичево на ул„11-ти Октомври“ при настаната расправија околу првенство на минување помеѓу повредениот и ПМВ-ло кое го управувало непознато машко лице, Ј.М. бил удрен во пределот на стомакот со остар предмет, по што непознатот лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.