Од спортска обложувалница украдени речиси 4.500 евра

Во спортската обложувалница „Златна Копачка“на ул.„Лазо Трповски“во Скопје непознато лице вооружено со пиштол извршило  разбојништво над вработените.

Како што соопштуваат од МВР, настанот се случил околу 16.00 часот, а непознатиот одзел околу 274.000  денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.