Од среда големо невреме ќе ја зафати Македонија

Од утре земјава ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса. На повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со нешто посмален интензитет на грмежи, но ќе има пообилни врнежи од дожд, на места и над 30 литри на метар квадратен.

Стабилизирање на времето и пораст на температурата се очекува од сабота.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења без престојување на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат на отворено во големи групи, туку раздвоени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.