Од среда ќе почне да се расчистува маглата, дожд во четврток и петок

Според најавите на метеоролозите, од среда условите за магла ќе се намалуваат, а ќе почне да дува и умерен ветер.

За утре најавуваат значителна локална облачност, а по одделни котлини се’ уште ќе има појава на магла. Температурите утре ќе се движат од еден степен во Скопје до 11 степени во Гевгелија.

Од среда условите за појава на магла ќе се намалуваат, а веќе во четврток се очекува засилен југоисточен ветер.

Во четврток попладне и во петок ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планински места снег. Наместа врнежите ќе бидат и пообилни.