Од среда негативни температур, во петок снег

Значително заладување најавуваат метеоролозите за наредната недела. Студениот бран кој ќе ја зафати Македонија од среда, веќе во петок ќе донесе негативни утрински температури, кои ќе се движат меѓу -2 и 0 степени, а во сабота, можни се слаби провејувања на снег во утринските часови.

Темературите од среда нема да го надминат 10тиот степен а зголемената облачност ќе резултира со врнежи кои во четврток ќе бидат поинтензивни.

Најниска температура не очекува во четврток и петок. Утринските ќе се движат од -2 до 1 степен, а дневните од 7 до 10 степени.

Слично време не очекува и во пследната недела од октомври, со таа разлика што температурите ќе се намалуваат, но облачност нема да има.

До крајот на октомври, утрискитетемператури ќе одат и до -5 а максимлните дневни темпертури нема да надминуваат 7 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.