Од стан во Скопје украден накит вреден 210.000 денари

Кражба на златен и сребрен накит извршена е во стан на 43-годишната скопјанка Е.Т. .

Како што соопштува МВР, непознат сторител кражбата ја извршил искористувајќи го отсуството на оштетената по што влегол во станот, ги украл наведените предмети и го напуштил лице местото стекнувајќи се со против правна имотна корист од 210.000 денари.

Кражбата се случила вчера во периодот од 12.03 до 15.03 часот на улица Наум Наумовски Борче.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.