среда, 11 јануари 2017  |  Вести денес: 34

Од стан во Скопје украдени 10.000 евра

Вкупно 10.000 евра и 200 шведски круни одзел крадецот кој во текот на саботата провалил во стан во Скопје.

krazba

Поврзани вести

Вкупно 10.000 евра и 200 шведски круни одзел крадецот кој во текот на саботата провалил во стан во Скопје.

Кражбата во полоција во саботата во 23.10 часот ја пријавила 24-годишната М.С. од Скопје која рекла дека истиот ден во периодот од 16.30 до 23.00 часот на ул. „Никола Малешевски“ , во стан сопственост на В.Р., непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со погоден алат насилно ја отворил вратата, влегол во станот, извршил пребарување и претурање по мебелот при што одзел 10.000 евра и 200 шведски круни, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 640.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести