Од статуа на Богородица течат солзи од маслиново масло

Властите и Католичката црква во Ново Мексико истражуваат дали е измама или чудо статуата на Богородица која плаче со солзи од маслиново масло, јавуваат тамошните и светските медиуми.

Експертите извршиле хемиска анализа на статуата сместена во црквата „Нашата Богородица од Гвадалупе“ во Хобс, по што утврдиле дека нејзините солзи се етерично маслиново масло.

Некои од очевидците тврдат дека почуствувале мирис на рози, па затоа претпоставуваме дека станува збор за нешто како масло кое го благословуваме и го користиме за крштевање и друго- рече бискупот Оскар Канту.

Во тек е истрага да се утврди која природна причина стои зад течноста откриена во шупливата бронзена скулптура, пишува “Фокс њуз”.

Бискупот вели дека ја прегледал нејзината внатрешност и утврдил дека нема ништо невообичаено.
Освен пајажина немаше ништо друго внатре. Сликавме, ја прегледавме статуата. Мора да се испита дали солзите се измама. Но дури и да е така, не знам како е физички изведено. Статуата е од зајакната бронза, а во внатрешноста нема ништо, истакна бискупот.

Ако црквата заклучи дека солзите се натприродна појава, ќе мора, како што кажуваат, да одлучат дали доаѓаат од Бог или од зли духови.