Од тепачка до пукотница- во инцидентот во Охрид учествувале пијани млади лица

Неколку повредени лица е исходот од пукотница што се случила ноќеска во Охрид.

На пукотницата и претходела жестока физичка пресметка во која учествувале пет до шест алкохолизирани млади лица што се случила во кафе-бар во градот.

Инцидентот со огненото оружје се случил пред домот на еден од инволвираните во физичката пресметка.

Неколку од повредените се примени со физички повреди и хоспитализирани во Општата болница во Охрид.

Од полицијата го потврдија инцидентот и најавија повеќе информации во текот на денот, откако ќе завршат информативните разговори со очевидци и со учесниците во тепачката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.