„Од Тетово порачуваме НЕ за предавници и кодоши!“

Пратеничката Светлана Карапетрова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од денешниот народен собир во Тетово порача дека Тетово е град на патриоти, но додаде дека исто така тетовчани се сведоци на едно бурно време на економска катастрофа во времето на владеењето на СДСМ, кога биле затварани фабрики.

Но, од 2006. година со доаѓањето на власт на премиерот Груевски започна една нова ера, период на исполнети ветувања. Граѓаните можат да препознаат кој нуди празни ветувања а кој ветува и остварува.

-Во момнетов се наоѓаме во првата изградена спортска сала во „Никола Штејн“ една од седумте изградени во Тетово. А овој месец ќе зпаочне со градба на спортскаста сала во земјоделсткото училиште, додаде таа.

Во Тетово започна нова ера, каде се градат спортски сали во училиштата, се реконструираат патни правци, се изгради Ургентен центар, ќе се гради нов воспитно образовен дом, градинки, фекални канализации и голем број на други проекти. Се реконструираше патниот правец Тетово-Јажинце, патниот правец до манастирот Лешок, а од јуни ќе се реконструира патниот правец од С.Брвеница преку Волковија и Чегране до Гостивар.

-Индустриската зона започна со 103 вработувања, но она што за нас тетовчани е најважно е тоа што премиерот ни објави 2500 нови вработувања во американската компанија за автоиндустрија, вест која тетовчани ја примија со огромна радост, истакна Карапетрова.

Но, се појавила лица, продолжи таа, лица на кои им пречи да ја гледаат Македонија економски силна и просперитетна.

-Зошто сме ние денес тука? Тука сме да им кажеме НЕ на предавници на кодоши. НЕ на уништувачи на соспствената држава. Да бидеме смирени и да не подлегнеме на провокации на оние кои не и мислат добро на Македонија, луѓе кои се неспособни, луѓе со нереализирани личности, болни за власт. Без вас и вашата поддршка  тоа нема да го дозволиме. Народот е силата, народот ја дава власта а народот ја даде на Никола Груевски, на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата и никој нема право да ја погази волјата на граѓаните, заклучи таа.

Карапетрова се заблагодари за досегашната поддршка и подвлече дека Македонија имa водач кој е патриот и кој има визија Македонија да биде економски стабилна држава.

-Нашите дела се нашата вистина. Делата ќе покажат како се гради и како се сака Македонија, порача Карапетрова.