Од училиште во тетовско украдени 17 лап топи

Од основно училиште во тетовско арамија украл 17 компјутери.

Ноќта помеѓу неделата и понеделникот арамија провалил во основното училиште „Фан Ноли“ во тетовското село Палатица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Арамија насилно ја отворил вратата од Кабинетот по информатика, па одземал 17 мини лап топи. Откако причинил штета од 120.000 денари избегал во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.