Од успешна спортискта до проститутка

Флорис Леонида (27) на светската спортска јавност и е позната како релативно успешна романска гимнастичарка која својата држава ја претставуваше на бројни меѓународни натпревари. На Светското и Европското првенство освои сребро. Но, пред две години се откри нејзината непозната мрачна страна.

Оваа атрактивна гимнастичарка престанала да се занимава со овој спорт, бидејќи не можела да живее од него.Како тренер во Романија, можела да заработи неколку стотина евра месечно, што не и се доволни ниту нејзе ниту на нејзиното сиромашно семејство.

Романските медиуми информираат дека се занимава со елитна проституција, а моментно работи во еден виенски  бордел наречен Саша Браун.Се претпоставува дека само за една вечер заработува 1200 евра. Најчесто има по пет шест клиенти по што оди да се одмори и нешто да касне.

Преку ден времето го поминува на ручек или солариум, а навечер повторно е на располагање на клиентите.

Флорис вели дека половина од заработените пари ги испраќа на нејзиното сиромашно семејство, додека своите ги троши на скапиот живот во Виена.