Од утре се очекуваат нови пониски цени на бензините

Од утре се очекуваат нови пониски цени на бензините. Европската нафта од типот „Брент“ која се увезува и во Македонија денеска ја достигна најниската цена во последните 11 години.

Цената на суровата нафта на светските берзи би можело да падне на 20 долари за барел, стои во последната анализа на „Годлман Сакс“.

Тие своите предвидувања ги темелат на однесувањето на најголемите производители на енергенси во светот.

Според нив, Саудиска Арабија нема намера да го намали производството на нафта туку оди кон тоа да го задржи својот удел на глобалниот пазар.

Европската нафта од типот „Брент“ која се увезува и во Македонија денеска ја достигна најниската цена во последните 11 години, јавува Асошиејтед прес.

На последното тргување, северноморската нафта за испорака во јануари се спушти на цена од 36 долари и 29 центи. Во однос на петочното тргување цената се спушти за дури 59 центи. Поради ова се очекува од утре на домашниот пазар  нафтата и дериватите да се продаваат по пониски цени.