Од утре дожд, грмежи, ветер, на некои места и град

Нашето подрачје од утре ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо, а на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На одредени места можна е појава на град, особено во јужните и источните делови на земјава.

Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика пад на дневната температура за неколку степени.