Од утре и дневните и ноќните температури под нулата

Шеесет и девет сантимтри снег наврнало во Маврово. Во Пожаране 51, Крушево 45, Тетово 36, Охрид 29, Тополчани 27, Ѓуриште 18, Прилеп 17, Скопје и Претор 16, Крива Паланка и Куманово 10, а во Битола 7 сантиметри.

Врнежите од снег претпладнево ќе бидат со променлив интензитет и во текот на денот постепено ќе престануваат, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Студената воздушна маса која се спушта од север ќе услови променливо облачно и студено време. Ќе има појава на голомразица и ќе дува умерен на повеќе места засилен северен ветер. Дневната температура ќе опаѓа и ќе биде во интервалот од -2 до 3 степени.

Утрово најниска температура е забележана во Маврово – 7 и во Крушево – 6. Во Скопје се измерени – 2, а над нула е само во Гевгелија со 4 степени.

Студеното време ќе продолжи и во наредните денови. Минималната температура утре ќе достигне – 16, задутре – 15 и на 1 јануари – 14 степени. И дневните температури нема да ја надминат нулата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.