Од утре ќе се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“

Од утре граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“. Денеска Собранието ги усвои измените на Законот за субвенционирани станбени кредити со кои се создадоа услови за спроведување на овој проект.

Ставрески: Со овој проект ќе се даде голема поддршка за младите луѓе

Со овој проект ќе се даде голема поддршка за младите луѓе во Република Македонија за решавање на едно од клучните прашања во животот, а тоа е стекнување на сопствен дом што е основа за натамошно формирање на семејство и напредок во животот. Затоа сметаме дека ваков проект е потребен и дека ќе наиде на голем интерес. Во првите контакти што ги имаме со граѓаните укажуваат дека интересот на младите луѓе е голем и дека по донесувањето на овој закон, односно од утре ќе се овозможи да аплицираат за овој проект. Очекувам да има голем интерес кај младите во Република Македонија, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Купи куќа за млади“ е наменет за млади луѓе до 35 години кои немаат сопствен дом и претставува подобрување на условите од проектот „Купи куќа, купи стан“, односно овозможува младите лица да добијат повисок износ на субвенции и подолго да бидат субвенционирани доколку преку проектот земат кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа.

На младите им се нудат две опции

Како што посочи вицепремиерот Ставрески, има две опции кои им се понудени на младите луѓе преку „Купи куќа за млади“. Првата опција предвидува за период од 8 години да се субвенционира 80 отсто од месечната рата – главница и камата, а следните три години да се субвенционираат 50 отсто од месечната рата при што максималниот износ за кредит може да достигне 50.000 евра.

Доколку месечната рата за кредитот изнесува 200 евра првите 8 години 160 евра од месечната рата ќе плаќа Владата, а само 40 евра ќе плаќа граѓанинот. Деветтата, десеттата и единаесеттата година месечната рата ќе се плаќа по половина, односно 100 евра Владата и 100 евра граѓанинот, истакна Ставрески.

Каматната стапка…