Од утре не очекуваат нови пообилни врнежи

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот  на  денот и  во текот на ноќта во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Утре ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со јачина од над 80км/час. Попладне  и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално над 40л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми.

Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови -30 сантиметри, 11 Пожар, 9 Лазарополе, 1 Пожаране, Крушево и   Ѓуриште.