вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Од утре нема сообраќај помеѓу Грција и Бугарија

Од утре нема сообраќај помеѓу Грција и Бугарија. На граничните премини Кулата, Илинден, Петко Војвода и Маказа во Бугарија денес не поминуваат никакви превозни средства, јавуваат тамошните медиуми.

bugarski-prevoznici

Поврзани вести

Од утре нема сообраќај помеѓу Грција и Бугарија. На граничните премини Кулата, Илинден, Петко Војвода и Маказа во Бугарија денес не поминуваат никакви превозни средства, јавуваат тамошните медиуми.

На граничните премини Златоград и Ивајловград поминуваат само лесни моторни возила и минибуси, велат од тамошното МВР. Бугарските превозници предупредуваат дека од утре (19-ти февруари) нема да се пропуштаат никакви превозни средства.

Инаку бугарските превозници ги блокираа граничните премини кон Грција во одговор на блокадите на грчките земјоделци кои во текот на изминатите недели поставуваа блокади со земјоделски машини и механизација на грчките гранични премини кон Македонија и Бугарија.

Најчитани вести