Од утре нова бура ќе ја потресе Европа

Нова бура му се заканува на регионот на Ла Манш по невремето што беснее сега во Велика Британија, Северна Европа, во делови на Франција и дури во Италија, информира весникот „Ле фигаро“.

Новата бура го носи името Ерих. Се очекува таа да започне во утрешните ноќни часови, при што првично ќе ги зафати северните делови на Франција, каде се најавуваат ветрови со брзина од 100 километри на час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.