ТОП,Македонија

Од утре нови врнежи на снег

Од утре нови врнежи на снег

Од утре попладне во северозападните делови, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините за 10 до 20 cm. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Утре ќе дува умерен, повремено и засилен јужен ветер, што ќе придонесе дневните температури на секаде да се позитивни.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Само на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Повторно ќе се зголемува снежната покривка и во некои од пониските места.