Од утре, отворени денови со Катастар

Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните дека од  23 февруари (понеделник) до 27 февруари (петок), во Центарот за катастар на недвижности – Скопје,  Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги отвори вратите за граѓаните од подрачјето на Град Скопје од 09:00 до 17:00 часот.
Ги повикуваме сите граѓани кои имаат било какви нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и заедно да надминеме истите.

Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот на следниве телефони: 3097-300 и 3097-337