Од утре отворени денови со Управата за имотно правни работи

Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи во текот на месец март 2015 година ќе ја спроведе акцијата „Отворено со Управата за имотно правни работи”.

Од Министерството за финансии информираат дека на овој начин сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со стручните тимови на Министерството, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер.

Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата за имотно правни работи ширум Македонија од 08:30 до 17:30 часот согласно следниот распоред:

02.03.2015: Велес и Центар;

03.03.2015: Кавадарци и Кисела Вода;

04.03.2015: Ресен и Битола;

05.03.2015: Берово и Делчево;

06.03.2015: Штип и Пробиштип;

07.03.2015: Кратово и Крива Паланка;

09.03.2015: Радовиш и Струмица;

10.03.2015: Тетово и Гостивар;

11.03.2015: Неготино и Карпош;

12.03.2015: Прилеп и Крушево;

13.03.2015: Куманово и Свети Николе;

14.03.2015: Демир Хисар и Гази Баба;

16.03.2015: Струга и Дебар;

17.03.2015: Кичево и Македонски Брод;

18.03.2015: Гевгелија и Валандово;

19.03.2015: Охрид и Чаир;

20.03.2015: Кочани и Виница.