Од утре почнува полагањето државна матура

Од утре до 19 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015.

Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

ДИЦ соопшти дека Државната матура ќе се имплементира согласно со досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, односно полагањето на тестовите ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.