Од утре почнува санацијата на штетите од поплавите

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека од утре почнува санација на штетите од поплавите што ги зафати некои региони во земјава, пренесува МИА.

Како што посочи при вчерашната посета заедно со премиерот Никола Груевски во битолско, ќе се почне со санација на патишта и мостови, а штом се повлече водата во Новаци ќе се санира и користото на реката Црна.

По повлекување на водата Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести, а Министерството за труд и социјална политика преку своите центри ќе направи евиденција на сите загрозени семејства од поплавите.

Телефонските броеви што ги отвори Црвениот крст за донација за поплавените се уште се во функција и се повикуваат граѓаните и компаниите да донираат. Последните информации се дека се собрани околу 100.000 евра кои.