Од утре пониска цена на горива

Цените на горивата од ноќеска на полноќ. Од утре пониска цена на горива – бензинот поевтинува за еден денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.

Новите цени на горивата

Новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.

За 0,672 денари се намалува цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини  25,691 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37  проценти, соопштија од Регулаторна комисија за енергетика.

Одлуката за промена на цена на горива Регулаторната комисија за енергетика ја донесе врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

 

Пред ова намалување, цените на горивата пред две недели беа зголемени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.