Од утре пониски температури за десет степени

Во текот на ноќта во Република Македонија се очекува да настапи заладување и посериозно опаѓање на температурите.

Во изјава за Нетпрес од УХМР соопштуваат дека заладувањето ќе настапи во текот на ноќта под влијание на влажна студена маса која ќе се спушти од север и ќе услови пад на температурите. Во текот на ноќта во Северните и во Западните делови од Македонија се очекуваат и поинтензивни врнежи од дожд.

-Од утре може да очекуваме пад на температурите за 10 и повеќе степени целзиусови, а ќе дува и засилен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени целзиусови, а дневните од 5 до 14 степени, што практично значи дека во текот на денот не се очекува пораст на температурите, велат од  УХМР.

Слично време не очекува и во петок, а од недела веќе може да се очекува уште поинтензивно опаѓање на температурите, кога се очекуваат и првите минусни утрински температури.