Од утре пороен дожд и грмежи

Утре претпладне не очекува сончево време со умерена облачност, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени.

Пообилни врнежи ќе има во среда, кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.