Поскапуваат горивата

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, додека на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 55,50 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 44 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 26,9 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 60,4 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,7 денари.