Од утре посвежо време

Утре ќе започне да се спушта посвежа воздушна маса од север што ќе услови постепено опаѓање на дневната температура. Ова особено ќе биде изразено во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, ќе има слаб локален дожд, а температурата ќе се спушти за околу 7 степени во однос на денешната. Од понеделник температурата ќе биде во благ пораст.

Агрометеоролошка препорака: Топлотниот бран кој е над нас предизвикува шок кај културите, со зголемена транспирација и со намалено количество на вода во почвата. Водата која е неопходна особено кај овошните култури и пченката во овој период од развојот потребно е да се надополни со наводнување.

Сувото време ќе овозможи непречена берба на десертните сорти грозје како и останатите сорти на овошки кои зреат во овој период.