Од утре посвежо со дожд и грмотевици

Намалување на дневната температура, локален дожд и грмотевици најавува за утре и во среда Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.