Од утре потопло и топење на снежната покривка

топење

Утре и во петок ќе има слаб локален дожд во крајните западни делови. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови и со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утре дневната ќе се движи од 3 до 11, во петок од 6 до 13, сабота 7 до 14, недела 6 до 13, понеделник 6 до 12 и во вторник од 3 до 9 степени.

Минималната ќе се движи утре од -6 до 1, во петок -2 до 4, сабота -4 до 4, недела од 1 до 6, понеделник од -1 до 5 и во вторник од 2 до шест степени.

Снег има на Маврово 63 сантиметри, Ѓуриште 40, Пожаране 39, Лазарополе 36, Крушево 26, Тетово и Берово 19, Битола 17, Скјопје 15, Демир Капија 12, Струмица 10, Крива Паланка 5 и Тополчани 3 сантиметри.