Од утре повторно топло време

Период на стабилно и потопло време следува од утре, информираат од УХМР.

Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.

Вторник се очекуваат температури до 35 степени, среда до 36, четврток и петок до 37, додека во сабота до 38 степени.