Од утре распореди за екстерно тестирање

Сите основни училишта од утре ќе почнат да објавуваат распореди за екстерното оценување на учениците кои ќе содржат име и презиме на ученикот, како и датум и час на полагање без предметите по кои ученикот ќе се тестира.  Дополнително предметот што ќе го полагаат ќе биде објавен три дена пред полагањето. Тестирањето ќе се одржува во неколку денови, од  втори до 10-ти јуни, а секој ученик ќе биде тестиран по два предмети.

До МОН пристигнале околу 3.400 забелешки во врска со прашањата за екстерно тестирање и за сите е направена соодветна корекција.

„Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, со тоа што предност и во полагањето и во добивањето на резултати ќе имаат осмодеееленците  имајќи предвид дека уписите во средните училипшта почнуваат на 23 јуни, односно на 18 јуни за учениците кои сакаат да се запишта во паралелките на Спортката академија“, посочи министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Екстерното тестирање годинава се спроведува по третпат, а целта е поставување на стандарди кои треба да обезбедат поголема објективност во учењето и во оценувањето на учениците. Министертсвото за образование  прашањата од екстерното ги објави еден месец пред тестирањето, а до 16 мај имаше оставено прстор за забелешки.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени 189.037 ученици од четврто одделение до трета година средно, во 680 основни и средни училишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.