Македонија

Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“ во Охрид

Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“ во Охрид

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Охрид Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.

Настанот ќе се одржи во Општината (голема сала). Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.