Македонија

Од утре тропски температури

Од утре тропски температури

Подрачјето на Македонија од утре постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните  денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој  период од годината, соопшти УХМР.

Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, во југоисточните  делови можно е да достигне и до 38 степени.

УВ индексот за овој период ќе има многу висока вредност меѓу 8 и 9.