Македонија

Oд утре увид во Избирачкиот список

Oд утре увид во Избирачкиот список

Од утре до 9 септември Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид кога граѓаните ќе имаат можност да проверат дали се во списокот за да го остварат своето гласачко право на локалните избори закажани за 15 октомври.

Државната изборна комисија го усвои извештајот за состојбата со Избирачкиот список, од каде се отстранети 11.346 лица по разни основи. Околу 7 илјади лица, според податоците на Државниот завод за статистика, се избришани затоа што немале живеалитше во Македонија. Еден дел од лицата се избришани по основ на смрт (1.388), а 1418 се водат како нераспределни.

Останатите се избришани поради одземање деловна способност, отпуст од државјанство, поништено живелаиште или со акција на бришење.

По завршување на јавниот увид може да има промени во Избирачкиот список.