четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Од утре во оптек банкнотите од 200 и 2000 денари

Народна банка од утре ќе ги пушти во оптек двете нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари.

оптек

Поврзани вести

Книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари не се прифатени од пошироката јавност заради нивната висока номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена, првенствено во трговијата. Нивната примена во секојдневните трансакции е незначителна – објасни Централната банка.

Оние кои што имаат петилјадарки, до 28 февруари 2017 година ќе можат да ги заменат во деловните банки, а од 1 март замена ќе се врши во Народна банка.

На крајот на годината, во структурата на парите во оптек книжните пари учествуваат со 97,1 отсто, а кованите пари со 2,9 отсто во вкупната вредност. Најголемо учество во вкупната вредност на емитирани книжни пари имаат книжните пари во апоен од 1.000 денари (76,2 отсто) и 500 денари (16,6 отсто). Останатите книжни пари учествуваат со 7,2 отсто во вкупната вредност. Во 2015 година, најголемо учество во вредноста на кованите пари имаат апоените од 50 денари (32,2 отсто), 10 денари (27,8 отсто) и 5 денари (18,0 отсто).
Анализата на апоенската структура на книжните и на кованите пари укажува дека, при издавањето и при примањето, кај книжните пари најголемо учество се забележува кај апоенот од 1.000 денари од 41,1 отсто во 2015 година односно 36,2 отсто во 2014 година, а кај кованите пари преовладува апоенот од 10 денари со учество од 26,7 отсто во 2015 година наспроти 24 отсто во 2014 година.

Најчитани вести