Од утре времен сообраќаен режим на улицата Ѓорче Петров

Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од среда (19.10.2016 год.), поради изведување на градежни активности, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улица „Ѓорче Петров“, на потегот од кружнaта крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булевар  „Македонска војска“.

Моторниот сообраќај и возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, а  се движат од  Дексион кон Цeнтар, од запад кон исток, ќе бидат пренасочени од улица  „Ѓорче Петров,“ по булевар„ Македонска војска“ кај кружната крстосница  Црква „Св Петар и Павле“ , по булевар  „Партизански одреди“, и продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион. или во правец исток-запад, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булевар  „Партизански одреди“ со улица „Ацо Шопов“ и продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, потоа по булевар „ Македонска војска“ по улица „Ѓорче Петров“,  и продолжуваат по својата траса.

Од Грдаот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.