четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Од утре врнежи од снег, заладување и ветер

sneg_patista

Поврзани вести

Утре ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.

Како што информира УХМР, до недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Во недела врнежите ќе бидат слаби.

За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина околу 80 км/час, што ќе предизвика локално создавање на снежни наноси.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

Најчитани вести