Од утре заладување

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со слаб до умерен дожд и значително постудено. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен повремен дожд и со повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура.

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено, а во петок ќе настапи ново наоблачување со врнежи од дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.