Македонија

Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Од Центарот за јавно здравје-Скопје информираат дека од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип и сите заинтересирани граѓани можат да се вакцинираат во просториите на ЦЈЗ-Скопје од 8 до 18 часот (од понеделник до петок), а во сабота и државни празници од 8 до 14 часот.

Вакцината ги покрива сите типови на вирус на грип, кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и нашата држава. Цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари.

Останатите центри за јавно здравје со вакцинација ќе почнат до крајот на неделава. Центрите за јавно здравје годинава набавуваат исто количество вакцини како и лани, околу 30.000 дози, со кои се опфатени и јавни и приватни здравствени установи, кои се овластени да вакцинираат.