Од утре завршува забраната за тешки возила во Скопје

Град  Скопје ги информира учесниците во сообраќајот,  дека од утре,   завршува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на градот, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони.

Екипите на ЈП„ Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на Град Скопје, во текот на денешниот ден ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за временото ограничување и пренасочување на товарниот сообраќај, односно (времената сообраќајна сигнализација) , со цел безбедно и непречно одвивање на сообраќајот по уличната мрежа на град Скопје.