Македонија

Значително поскапување на горивата

Значително поскапување на горивата

Бензините од утре поскапуваат за 3,5 денари, дизелот за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари по литар и ќе изнесува 62,00 денари за литар

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,50 денари по литар и ќе се точи за 64,00 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари и еден литар ќе се продава за 51,00 денар.

Малопродажната цена на Екстра  лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари за литар