Од утрово камиони од „Евзони“ може да влегуваат во Грција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава од 9:30 часот, грчките погранични органи на граничниот премин Евзони почнаа да пропуштаат тешките товарни возила кои чекаа за влез во Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Во моментов се’ уште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни возила кои чекаат за влез во Р.Грција.

Исто така Министерството за внатрешни работи известува дека на ГП Дојрани сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.