Од вечер нови врнежи на дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Утре на планините во западните делови ќе има врнежи од снег и снежната покривката ќе се зголеми, локално за над 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег, но со послаб интензитет. Ќе дува повремено засилен ветер од јужен правец.

Нов поинтензивен влажен бран со врнежи претежно од дожд се очекува во текот на ноќта четврток кон петок и во петок претпладне. Потоа следува период на постудено време со повремени локални врнежи од снег.