Македонија

Од вечерва на Интернет ќе бидат достапни прашањата за екстерното тестирање

Од вечерва на Интернет ќе бидат достапни прашањата за екстерното тестирање

Од вечерва ќе бидат достапни на Интернет, прашањата за екстерното тестирање. Во јануари ќе полагаат само матуранти и оние кои завршуваат средно образование со трета година, рече денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на презентацијата на системот кој што од денеска ќе биде јавно достапен на Интернет .

Секој ученик, наставник и родител ќе може да ги види прашањата, а потребно ќе биде само да се избере година на средно образование (трета или четврта), струка и предмет и потоа прашањата можат да се симнат во ПДФ формат.

Може да се пријави и неправилност за одредено прашање, за неговата содржина или одговор. Пријавите ќе се примаат до 10-ти јануари, а потоа ќе бидат детално разгледувани од стручен тим. По анализата, ако има потреба, ќе се направат и промени во прашањата.