Од високото загадување скопјани ќе почнат да дишат на шкрги!

Во Скопје и Тетово и денеска  воздухот е многу загаден. Концентрaција на штетните суспендирани честички во воздухот високо над дозволената гранична вредност е измерена во Центар, Лисиче, Газибаба, Ректорат и Миладиновци, и во Тетово. Исто така, загадувањето на воздухот е високо и во Битола, Кичево, Кочани и Кавадарци.

Сите надлежни институции кои треба да ги заштитат граѓаните од ова алармантно аерозагадување кое влијае на нивното здравје, веќе како мантра постојано повторуваат дека имат план и стратегија според кои се раководат за надминување на состојбата, и дека реагираат во доменот на своите ингеренции. А граѓаните засега, како и секоја година наназад, не гледаат никаков резултат. Целата стратегија се сведе на препораки луѓето без потреба да не излегуваат надвор и да не ги проветруваат просториите кога концентрацијата на ПМ10 честиците е високо над дозволената гранична вредност.

Во однос на конкретни мерки надлежните министертства и Градот само си ја префрлаат топката, кој за што бил надлежен, па така освен препораките на градската власт во координација со министерството за здравство, и апелот почесто да се користи јавен превоз, останаа само тековните контроли што министертсвотоза животна средина ги прави во поголемите  индустриските капацитети кои се со А интегрирана дозвола, и контролата врз помалите индустрии што ја спроведува Градаот.

Сите оптимистички најави за конечно преземање на конкретни мерки на кои скопјани за момент им се изнарадуваа, пукнаа како надуван балон. Ништо од најавеното прскање на улиците со  калцеум магнезиум ацетат, супстанција која ги лепи штетните ПМ 10 честици за асфалтот и не  дозволува нивно ширење. Ништо од бесплатниот јавен превоз, во услови на високо загадување на воздухот, ништо од евентуалното спроведување на посебен сообраќаен режим пар-непар. А зошто? Бидејќи според законот, дозволено е 35 дена во годината да биде надминат прагот на алармирање во однос на недозволената концентрација на штетните честички, но дури доколку мерењата покажуваат такви резултати континуирано во текот на 10 денови, Градот е обврзан да преземе мерки.

Граѓаните се веќе револтирани и сметаат дека Градот Скопје и општините треба малку посериозно да ја сфатат оваа состјба и да воспостават построги критериуми, бидејќи не мора да се чека 10 дена луѓето да се гушат во загаден возддх, па да се спроведе некоја превентивна мерка. А, и покрај тоа, според дневните мерењата на загаденоста прикажани на страницата на Министерството за животна средина, може да се забележи, особено во Скопје, дека воздухот е многу загаден континуирано и повеќе од 10 дена.

Кога Советот на Градот ги разгледуваше евентуалните предлог-мерки кои би можеле да се преземат при вакви состојби, опозицијата предложи Градот да субвенционира и алтернативни извори на греење за помала загаденост, а бесплатен јавен превоз да се обезбеди и без да се чека 10 дена континуирано аерозагадување.

Експертите, се согласни дека, кога се работи за Скопје, најголем загадувачки фактор се неговата местоположба, маглата и временските услови со негативни воздушни циклонси движења. Потоа, тука се и начините на загревање, сообраќајот, индустријата… Некои од експертите посочуваат дека општините би требало да формираат служби кои би преверувале што домаќинствата користат за греење.Сепак, најголемиот проблем е тоа што Скопје има микроклима, со температурна инверзија и нема движење на воздухот.

Како долгорочни решенија за подобрување на квалитетот на воздухот од Министерството за животна средина ги посочуваа гасификацијата, трамвајот како алтернативен јавен превоз, но и хибридните превозни средства кои би користеле бутан пропан или етан гас.

Според законот, во зависност од нивото и карактерот на загадување на амбиентниот воздух, Владата, може да пропише и построги гранични вредности за квалитет за одредени подрачја на предлог на советот на општината или на Советот на Град Скопје. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството ги пропишува граничните вредности за дозволени нивоа на емисиии видови на загадувачки супстанции,  со цел да се осигура квалитетот на амбиентниот воздух.

voz

Казна од 500 евра за фирма која согорува отпад на јавен простор, а до 20.000 евра за загадување на воздухот над дозволената граница

Законот предвидува глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за  правно лице, доколку согорува отпад на отворен простор, а, глоба во износ од 300 евра во денарска за добие одговорното лице. За физичко лице, за овој прекршок глобата е 150 евра.
Глоба во износ од 8.000 евра до 20.000 евра ќе му се изрече на правно лице, доколку: испушти во амбиентниот воздух загадувачки супстанции над пропишаните гранични вредности за емисија, произведува, увезува и пушта во промет превозни средства кои не ги исполнуваат пропишаните гранични вредности за емисија од подвижни извори,  произведува, увезува и пушта во промет одделни производи кои не ги задоволуваат пропишаните гранични вредности за содржина на штетни супстанции и други барања за квалитетот на горивата, ако испушта загадувачки супстанции надвор од постројките за испуст во амбиентниот воздух.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.