Од вкупно 5, СДСМ даде 4 претседатели на Советот за радиодифузија

Од вкупно 5, СДСМ даде 4 претседатели на Советот за радиодифузија. Ова е заклучокот од анализата објавена во весникот „Вечер“.

Советот за радиодифузија постои 18 години, а дури 17 години од нив, на чело на ова регулаторно тело за медиуми биле членовите предложени од страна на опозициската СДСМ. Како што пишува весникот „Вечер“, на ваков начин социјалдемократите вршат контрола врз медиумите и слободата на изразување.

Претседатели на Советот за радиодифузија цели 17 години по предлог на СДСМ

„Вечер“ : Кој ги контролира медиумите во земјава?
„Вечер“ : Кој ги контролира медиумите во земјава?

За прв претседател на СРД, веднаш по основањето во 1997 година беше назначен професорот Љубомир Јакимовски, на предлог на СДСМ. Од 2003 г. на чело на Советот за радиодифузија, исто така, застана и Ѓорѓи Варошлија. На ист начин во 2006 година претседател на СРД стана и Мирче Адамчевски, додека на предлог на СДСМ од 2008 до 2012 г. претседател на ова регулаторно тело за медиуми стана и Зоран Стефаноски. Единствен без партиска поддршка на оваа функција застана сегашниот претседател Зоран Трајчевски, кој беше избран во собраниска процедура на 7 октомври 2014 година по измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, потсетува весникот.

Во продолжение весникот во анализата наведува дека влијанието на СДСМ врз Советот за радиодифузија не застанува тука.

Тоа е толку очигледно што покрај претседатели, во Советот членуваат и нивни блиски партиски членови. Па така, член на регулаторното тело за медиуми беше и Јасна Саздовска, која беше шефица на кабинетот на Ристо Пенов, братот на Јани Макрадули и сопруг на висока функционерка на СДСМ од Прилеп.

Тенденција за воспоставување контрола врз медиумите има и денес

„Вечер“ нагласува дека тенденција за воспоставување контрола врз Агенцијата за медиуми има и денес, при што нагласува дека преку договорот од Пржино, СДСМ под разни изговори се труди да добие свој претседател во Агенцијата, со што преку заплашување и притисоци врз медиумите, опозициската партија сака  да обезбеди и контрола во процесот на избори следната година.

Во моментов, мнозинството членови во Агенцијата за медиуми доаѓаат од невладиниот сектор, кои, со ретки исклучоци се под силна контрола и влијание на СДСМ.

Во далечната 1997 година во македонската млада демократија созреа идејата за медиумската регулација. Оваа идеја не започна да се реализира со намера да врши репресија или контрола, туку напротив – да ја реализира мисијата и визијата на европската модерна медиумска регулација – да создава правила за фер игра чија единствена цел е унапредување на слободата на изразувањето и на медиумскиот плурализам. Мисијата и визијата на Советот за радиодифузија беше натамошното демократизирање и професионализирање на медиумите и нивното претворање во алатка на демократијата, пишува Вечер.

Во 2012 година, СРД го прославува своето 15-годишно постоење. Основан на 5 септември 1997 година,СРД е најстарото регулаторно тело во Р. Македонија и едно од најстарите регулаторни тела за медиуми воопшто во Југоисточна Европа.

На 5 септември 2012 година, СРД одржа свечена седница, на која присуствуваа сегашните и поранешните членови на СРД, а се обратија и претседателите на СРД од минатите 15 години, пишува „Вечер“.

До денес, како што нагласува весникот, единствен претседател на Агенцијата предложен од ВМРО – ДПМНЕ е Зоран Трајчевски кој на оваа позиција беше избран пред помалку од една година, односно на 7-ми октомври 2014 година.

 

За барањата на Заев поврзани со договорот од Пржино повеќе на следниот линк.